Просинечки ќе експериментира: Со десет нови фудбалери во стартниот тим против Македонија

Роберт Просинечки неодамна седна на клупата на Црна Гора, па јасно е дека хрватскиот стратег ќе ги искористи овие мини-подготовки во Анталија за да им даде шанса на што повеќе фудбалери да ги покажат своите квалитети.

Токму затоа, Просинечки уште вчера најави дека целосно ќе го промени стартниот состав на денешниот меч со Македонија во однос на оној од триумфот над Белорусија од пред неколку дена.

„Ќе има измени, и тоа дури десет. Од мечот со Белорусија стартер ќе остане само Јоветиќ, кој ќе ја добие неопходната минутажа да влезе во ритам што ја нема во Олимпијакос“, изјави црногорскиот селектор.

Според медиумите од оваа земја, Црна Гора ќе излезе на мегдан со Македонија со следните единаесет фудбалери: Шаркиќ, Вукчевиќ, Савиќ, Радуновиќ, Вујачиќ, Лончар, Бакиќ, Цамај, Јововиќ, Јоветиќ и Мугоша.

Се вчитува...