Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Анталија ќе го одигра и вториот пријателски натпревар овојпат против репрезентацијата на Црна Гора.
Селекторот на Црна Гора, Роберт Просинечки пред натпреварот со Македонија вели дека ќе стартува со сосема разлика екипа во однос на мечот со Белорусија.
„Пред да дојдам во Анталија најавив дека шанса ќе добијат сите играчи. Ќе стартува сосема поинаква екипа во однос на мечот со Белорусија, ќе има дури 10 измени и во стартните 11 ќе остане само Јоветиќ, кому сакаме да му дадеме минутажа која ја нема во Олимпијакос. Не чека малку посилен противник, но клучното е што момците добро работеа изминативе шест дена, атмосферата е добра, а секогаш е уште подобро кога победувате. Така е во фудбалот. Веднаш видов дека односот меѓу играчите е одличен, многу е полесно да се работи на тој начин. Тоа е суштината на се. Се запознавме, се обидовме да наметнеме поинаков стил, да играме и сето тоа беше многу добро на првиот меч. Го гледавме натпреварот, не изгледаа добро. Сигурно ќе бидат помотивирани против нас, ќе сакаат да победат и да го подобрат впечатокот. Имаат одличен индивидуален квалитет, нивните играчи ја прават разликата во добрите клубови. Нема да биде воопшто лесен натпревар. Но, ние сме оптимисти, момците работат добро, а не се ни уморни бидејќи ќе го освежиме тимот. Сигурно ќе биде интересно“, изјави Просинечки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА