Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново осминафинале на неофицијалното Светско првенство во тенис, Вимблдон.
Србинот денеска на Централниот терен во „Ол ингланд“ клубот славеше против францускиот тенисер Артур Риндеркнеш со 3-1, по сетови 7-5, 6-4, 1-6 и 7-6. Неверојатен беше последниот поен во тај-брејкот во четвртиот сет кој му донесе победа на популарниот Ноле.
Novak Djokovic diving volley on match point! 😱 pic.twitter.com/HftVyv0pFd
— Wimbledon (@Wimbledon) July 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
