Простор за Циц: Ако има смена на Наумоски, гласањето за наследник ќе биде друг ден

Претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација, Петар Наумоски, го промени својот став околу изборот на негов наследник доколку на денешното Вонредно Собрание му биде изгласана недоверба.

Самиот Наумоски го прекина последното собрание со образложение дека федерацијата не смее да биде оставена без претседател, но на самиот почеток на денешното собрание тој го промени својот став.

„Требаше да составиме и кандидатска комисија, но нема да го сториме тоа бидејќи ја прифаќаме иницијативата на дел од клубовите – ако денеска биде изгласана недоверба за мене, изборот на нов претседател нема да се случи веднаш, туку во некој нов термин што дополнително ќе биде утврден“ – изјави Наумоски.

Потегот оди во корист на Зоран Дамјановски – Циц, кој како трет кандидат се надеваше дека ќе добие време за да собере потписи за кандидатура за претседател.

Се вчитува...