Протекоа детали од понудата на Реал: Познато колку ќе заработува Белингем во Мадрид

Џуд Белингем е подготвен да ја одбие последната понуда од Борусија Дортмунд, откако тие претставија подобрени услови во обид да го задржат младиот англиски фудбалер и да спречат негово заминување во Реал Мадрид.

Според Билд, Дортмунд на 19-годишникот му понудил нови услови за клупски рекорд од 12 милиони фунти годишно, што изнесува 230.000 фунти неделно.

Сепак, шпанскиот клуб се уште е во пол позиција за неговиот потпис бидејќи тие се подготвени на Белингем да му понудат 17,4 милиони фунти годишно (334.000 фунти неделно), со што ќе биде втор најплатен фудбалер на „Сантијаго Бернабеу“ по Еден Азар.

Се вчитува...