Против Бугарите во Лигата на нации, и против добро познатите Грузија и Гибралтар

Македонската репрезентација ќе игра во Групата 4 од Ц-Лигата на нациите во сезоната 2022/23 заедно со селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар , одлучи денешната ждрепка во УЕФА.

Македонија се најде повторно во група со добро познати противници. Против Грузија и Гибралтар веќе игравме во претходните изданија од Лигата на нациите, а сега единствена новина е Бугарија со која за првпат во историјата ќе игра низ едно официјално натпреварување на УЕФА.

Натпреварите од Лигата на нациите ќе се играат во термините во јуни следната година (четири натпревари) и во септември (два натпревари). Само првопласираните селекции од секоја од групите ќе обезбедат место во плеј-офот кој ќе се игра во јуни 2023 година. Само најдобрата репрезентација од плеј-офот (полуфинале па финале) ќе обезбеди место на ЕП 2024.

Се вчитува...