„Против Данците без предавање, нема што да се загуби!“

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонскиот селектор Кире Лазаров на денешната средба со македонските медиуми кои го следат настапот на репрезентацијата на ЕП 2022 отворено истакна дека го очекуваат уште многу предизвици да се понесе националниот тим на вистинскиот пат во иднина.

Првиот предизвик, без разлика што е резултатски без значење, сигурно е утрешниот натпревар со светскиот шампион Данска, последен за нас на евро-шампионатот.

„Со Данска нема што да загубиме. Не носат емоции и сигурно ќе сакаме да одиграме најдобро што умееме. Секако пристапот за натпреварот ќе биде како за пласман во седната рунда на европското првенство, затоа што мора да биде така со оваа млада репрезентација која дошла да се натпреварува на собирот на најдобрите на Стариот континент. Токму еден таков пристап на меч против Данска на еден вака силен турнир треба да даде некој патоказ за овие млади ракометари како да се однесуваат веќе во март на следните предизвици во националниот дрес“ – вели селекторот Лазаров.

Се вчитува...