Против Црна Гора за поправка на впечатокот од мечот со Молдавија!

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот на спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија против селекцијата на Црна Гора го игра вториот свој пријателски натпревар низ подготовките во турскиот туристички центар.

По ремито со Молдавија (1-1) пред избраниците на Боби Милевски е посериозен предизвик преку кој ќе треба да се поправи впечатокот од изданието против Молдавците.

И селекторот Милевски на прес-конференцијата пред денешната средба најави дека ќе мора да се подигне нивото на игра, ако се сака позитивен резултат со квалитетна селекција како Црна Гора.

„Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“ – вели Милевски.

Идентично е размислувањето и на голманот Столе Димитриевски.

„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути“ – вели Димитриевски.

Се вчитува...