Противникот на Кирјос смета дека тој мора да добие суспензија

Норвешкиот тенисер Каспер Руд по неспортскиот потег од страна на Ник Кирјос во меѓусебниот дуел, изјави дека Австралијанецот поради своето однесување мора да добие повеќе месечна суспензија.

„Сигурен сум дека Кирјос дека не сум единствен што мисли дека Кирјос мора да добие повеќе месечна суспензија, поради однесувањето кое што го покажува во последно време“, изјави Руд. 

Руд и Кирјос се соочија во второто коло од Мастерсот во Рим, а дуелот беше прекинат поради неспортското однесување на контроверзниот тенисер во третиот сет при водство на Норвежанецот од 2-1.

На Кирјос ќе му биде одземен наградниот фонд кој требаше да му припадне, а ќе мора и да плати казна од 20 000 евра.

Се вчитува...