Прв ден, прво изненадување на Вимблдон

Првиот натпреварувачки ден го донесе и првото големо изненадување на Вимблдон, откако грчкиот тенисер Франсис Тиафо го елиминираше Стефанос Циципас. Талентираниот тенисер од Грија ја имаше улогата на четврт носител на овој гранд-слам турнир, па со евентуална титула можеше да се искачи меѓу најдобрите тројца на АТП-листата, но Стефанос денеска тотално потфрли, му дозволи на противникот да доминира и заслужено го загуби мечот со 3-0 во сетови.

Тиафо одлично го стартуваше првиот сет, успевајќи рутински да дојде до 6-4, а овој победнички ритам го продолжи и во вториот и третиот сет (6-4, 6-3). Крајот беше јасен, 57-носител на АТП со оваа голема и убедлива победа над еден од главните фаворити на Вимблдон обезбеди пласман во следната фаза.

На женскиот дел од турнирот, Мугуруза ја декласираше Французинката Феро со 6-0, 6-1, а пласман во следното коло обезбедија и Американките Кис и Дејвис по победите од по 2-0 во сетови над Свон и Бураж од Велика Британија.

Се вчитува...