Прв гол и веднаш ремек-дело: Меси го „закопа“ Гвардиола

Лео Меси чекаше и дочека, во својот втор меч во дресот на ПСЖ во Лигата на Шампионите го постигна својот прв погодок за „светците“, и тоа против Манчестер Сити на неговиот фудбалски ментор Пеп Гвардиола.

ПСЖ по почетното водство се повлече и чекаше шанса од противнапад, а токму по една таква ситуација Меси одлично повлече, па по извонредната повратна топка од Мбапе маестрално стрелаше во горниот агол од голот на Едерсон.

Се вчитува...