Прв гол со глава на Нејмар за ПСЖ, победа против Анжер (видео)

ПСЖ конечно успеа да слави на едно гостување во францускиот шампионат, триумфирајќи со 1-2 на дуелот со Анжер. Нејмар го отвори резултатот на оваа средба, постигнувајќи го првиот погодок со глава во дресот на ПСЖ од вкупно 34 што ги има постигнато во француското првенство.

На почетокот од вториот дел Ди Марија зголеми на 0-2 (и тој со глава, на асистенција на Нејмар) и се чинеше дека се е готово, но во финишот ситуацијата се искомпликува откако Маркињос доби црвен картон, а беше досуден и пенал за домаќините. Буфон го одбрани ударот од белата точка, но Таит ја смести одбиената топка во мрежата.

„Светците“ сепак успеаја да го издржат завршниот притисок на Анжер и да стигнат до посакуваните три бода, прекинувајќи ја серијата слаби резултати надвор од Париз.

 

Се вчитува...