Прв гол за Фабрегас, Монако конечно победи

Монако го совлада Тулуз со 2-1 на домашен терен и успеа барем малку да ги раздвижи работите околу опстанокот. „Кнезовите“ се уште се во опасната зона, но сега со 18 бода можат да размислуваат многу попозитивно. Каен исто така има 18 и се наоѓа ’над летвичката’.

Цеск Фабрегас, засилувањето од Челси, донесе победа со погодокот во 62.минута. Монако поведе со голот на Головин, а израмни Жулиен. Анже го совлада Дижон со 1-0, а со идентичен резултат завршија и натпреварот меѓу Рен и Амиен.

Се вчитува...