Првото овосезонско вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан не издржа ниту цела четвртина пред да бидеме сведоци на првиот прекин, откако судиите решија да се повлечат во соблекувалната.
До инцидент дојде пред самиот крај на првата четвртина, по еден влез на Ивановиќ и изнудена лична грешка во напад од страна на Зек Лидеј. Кошаркарот на Црвена Звезда згора на тоа заработи и незгодна повреда, а навивачите бесот го истурија фрлајќи тврди предмети на теренот.
Судиската тројка предводена од Јавор експресно реагираше и ги повлече кошаркарите од теренот, по што си замина кон соблекувалната, а останува да се види дали ќе се бара празнење на дел од салата или мечот наскоро ќе продолжи.
Во моментот на прекинот Партизан има минимално водство од 17-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА