Прв кикс на Барса, Џирона украде бод на „Камп Ноу“

Барселона веќе не е перфектна во Ла Лига. Каталонскиот тим одигра само 2-2, сосема неочекувано, на домашен терен против Џирона. Сега тимот на Ернесто Валверде има 13 бода, исто колку и големиот ривал Реал Мадрид.

Лионел Меси со својот нов имиџ, без брада, го отвори резултатот во 19.минута, но потоа Барселона остана со играч помалку поради исклучувањето на Ленглет во 35.минута. Тоа Стуани го искористи за да постигне погодок пред одморот за 1-1.

Во вториот дел, Стуани го шокираше „Камп Ноу“ за водство на Џирона со својот втор гол, а Жерар Пике израмни во 63.минута.

Се вчитува...