Прв меч и веднаш магија на Дончиќ – Кога Лука ќе налета на „ѕид“… (видео)

Лука Дончиќ одигра импресивно и на првиот натпревар од новата сезона во НБА-лигата, постигнувајќи 32 поени, осум скока и пет асистенции на гостувањето против Феникс.

Словенецот го имаше и потегот на натпреварот, кога налета на домашниот центар, но кога се чинеше дека нема одговор Дончиќ извонредно асистираше за лесна реализација на еден од неговите соиграчи.

Сепак, Далас не успеа да стигне и до триумф, Феникс предводен од Букер (22 поени) славеше со 106-102.

 

Се вчитува...