Прв нокаут за ПСЖ во Франција

Рен прераснува во кошмар за тимот на ПСЖ откако по ланскиот триумф во финалето од Купот на Франција фудбалерите на Рен ги совладаа „светците“ и на денешниот дуел од второто коло од француското првенство (2-1).

Гостите од Париз први дојдоа во водство откако Кавани казни една грешка на домашните дефанзивци, но тоа беше се што ПСЖ успеа да стори на овој меч. Нианг го израмни резултатот уште во првото полувреме, а конечните 2-1 ги постави Де Кастилјо на асистенција на 16-годишниот Камавинга.

Овој пораз ќе значи и експресен притисок врз Томас Тухел, кому му беше „простено“ за слабата форма на тимот во финишот од ланската сезона, но доколку повторно се влезе во „црна серија“ лесно може да се случи Германецот експресно да добие отказ.

Се вчитува...