Прв пораз на „граѓаните“: Канте и Давид Луиз го нокаутираа Сити на „Стемфорд бриџ“

Англискиот првак Манчестер сити дојде на „Стемфорд бриџ“ и го доживеа првиот пораз во сезоната. Челси славеше во големото дерби со 2-0 и најави дека не се откажува од титулата, а ги симна „граѓаните“ од првата позиција на табелата во Премиер – лигата. Сега Ливерпул е лидер со 42 бода, Манчестер сити има бод помалку, а следуваат Челси и Арсенал со по 34 бода.

Некогаш поседот на топката не е примарен фактор што ги одлучува фудбалските мечеви. Маурицио Сари успеа да најде противигра за составот на Пеп Гвардиола. Нголо Канте го доведе Челси во водство во 45.минута, а нокаут го зададе Давид Луиз со вториот погодок во 78.минута.

Манчестер сити претходно се закани преку Лирој Сане и Рахим Стерлинг, но беше очигледно дека „граѓаните“ немаа свој ден на „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...