Кристал Палас во седмото коло го претрпе и првиот пораз во новата сезона во Премиер-лигата откако по голема борба загуби од Евертон со 2-1. Една седмица откако го зеде скалпот на шампионот Ливерпул, Палас потклекна на „Гудисон парк“, и тоа на меч на кој до 75. минута имаше предност од 1-0. Ндоје од пенал израмни на 1-1, а херој на домаќините беше Грилиш, кој ја донесе победата со гол во 93. минута.
Њукасл славеше со 2-0 на домашен терен против Нотингем, со што Постекоглу е без победа на седум меча во низа откако застана на чело на „шумарите“, најлош скор на нов менаџер на Форест во последните 100 години. Гостите парираа во првиот дел, но Њукасл стигна до заслужена победа со головите на Гимараеш и на Волтемаде (од пенал).
Астон Вила врза две победи во низа славејќи над Барнли со 2-1, благодарение на двата гола што ги постигна Мален.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

