Прв потег на Малдини: Сусо си оди од Милан!

Паоло Малдини експресно се фаќа за работа околу планирањето на тимот на Милан за наредната сезона. А во него ќе нема место за Сусо, откако шпанскиот интернационалец ги одбил понудите за продолжување на соработката, па ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок.

Новиот директор бил информиран за барањата на фудбалерот, кој инсистирал на четиригодишен договор за плата од шест милиони евра по сезона, плус бонуси. Овие услови се неприфатливи за „росонерите“, па Малдини веднаш ставил до знаење дека преговорите воопшто нема да продолжат, туку Сусо ќе биде ставен на трансфер-листа.

Сумата што Милан ќе ја бара за крилниот офанзивец изнесува 40 милиони евра, а во игра се шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид и неколку англиски премиерлигаши.

Се вчитува...