Прв пролетен триумф за Вардар, сигурна и Шкендија

Вардар по два порази на стартот на пролетта, конечно тргна во позитивен правец. Вардарци славеа со 3-1 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари против Македонија ЃП. Најдовски и Ибиши донесоа водство од 2-0 за Вардар по првиот дел, намали Остоја Стјепановиќ со прекрасен погодок, а потоа и повратникот Фелипе се запиша меѓу стрелците.

Шкендија се мачеше едно полувреме да го скрши отпорот на Беласица, но оствари заслужен триумф од 3-0. Изаир Емини во 54.минута го отвори резултатот, а вториот погодок беше дело на Агим Ибраими во 83.минута, негов дебитантски во дресот на тетовци. Во финишот Марио Маслаќ си постигна автогол за конечни 3-0 за Шкендија.

Шкупи оствари гостинска победа (0-2) против Академија Пандев. Трајановски на почетокот на вториот дел си постигна автогол, а победата за Шкупи ја завери Виктор Ангелов со погодокот во 78.минута.

Во Кратoво, Силекс и Ренова ремизираа без голови, а мечот Победа – Работнички во Кичево почна со 20 минути задоцнување поради амбулантното возило кое не пристигна навреме на стадионот. Работнички има водство од 0-1, со голот на Владимир Димитровски постигнат во 21.минута од дуелот.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА 3-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-2

СИЛЕКС – РЕНОВА 0-0

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1 (во тек)

Се вчитува...