Прв СЕХА пораз за Работник, „фармацевтите“ совладани во Загреб (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник во 4. коло го доживеаја и првиот пораз сезонава во СЕХА лигата. Во Групата Б од регионалното натпреварување, битолчани загубија на гостувањето против ППД Загреб со

Во крајно израмнет натпревар, составот на Стевче Алушовски не успеа да издржи до финишот и за четврта победа сезонава во СЕХА. Дуелот во текот на сите 60 минути беше израмнет и покрај тоа што Хрватите постојано чуваа предност од еден до два гола.

На полувремето се замина со израмнети 11-11, за да потоа во второто полувреме на 15 минути пред крајот одржувајќи ја неизвесноста Еурофарм Работник има и 19-19. Во продолжението, во 51. минута домашните за првпат стигнаа до 21-19, два гола предност одржуваа до финишот кога на една минута до крајот македонскиот тим со голот на Маџовски стигне до 23-22. Но сите надежи за позитивен резултат ги сруши Мраковчиќ со голот за 24-22. Остроушко во последните секунди постигна гол од пенал но само за минимален пораз од 24-23.

Најефикасни во победничкиот состав беа Хорват, Мраковчиќ и Шипиќ со по четири постигнати гола, додека во редовите на Еурофарм Работник се издвоија Јотиќ и Остроушко со по пет гола. По три гола запишаа Маџовски и Радовиќ. Голманот Никола Митревски имаше само пет одбрани од 23 шута на противниците.

Се вчитува...