Прв во НБА по 55 години: Вестбрук осигура „трипл-дабл“ просек… Кливленд пак разочара!

Екипата на Оклахома убедливо загуби на гостувањето во Феникс со 120-99 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата, но мечот ќе биде запаметен по Расел Вестбрук.

Вестбрук успеа да осигура „трипл-дабл“ просек пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Три меча до крајот на сезоната не постои повеќе ниту теоретска шанса дека просекот на Вестбрук, во поени, асистенции и скокови, може да падна под 10. На тој начин стана прв кошаркар по легендарниот Оскар Робертсон на кого ова му успева од рака.

Легендарниот Оскар Робертсон во сезоната 1961/62, тогаш во дресот на Синсинати, денес познат како Сакраменто Кингс, имаше навистина неверојатни бројки. Таа сезона во просек имаше 30,8 поени, 11,4 асистенции и 12,5 скока по натпревар.

На дуелот со Феникс, Вестбрук запиша 23 поени, дополнети и со 12 скока и 8 асистенции. Му недостасуваа само две асистенции за да го престигне и Робертсон по бројот на „трипл-дабл“ ефекти во една сезоната. Но, за тоа му остануваат уште три натпревари.

Кливленд, пак, запиша уште едно разочарување во моментите кога се мислеше дека ќе се врати на победите. Аталанта го совлада лесно Кливленд со 114-100, и тоа играјќи без најдобриот свој кошаркар Пол Милсап.

Во гостинските редови најефикасен беше Тим Хардавеј со 22 поени, додека Мајк Данливи дополни 20 поени со одличен шут за три поени. На Кливленд не му помогна ниту одличната партија на Леброн Џејмс кој постигна 27 оени, а имаше и 8 скока и 7 асистенции.

Торонто на домашен паркет славеше против Мајами со 96-94. Торонто до триумфот беше предводен од фантастичниот ДеРозан кој имаше 38 поени, плус и шест скока. Кај Мајами најефикасен беше Џејмс Џонсон со 22 поени и 10 скока.

Мемфис дојде до рутинска победа над Њујорк од 101-88, додека Пистонси предводени од Бобан Марјановиќ го изненадија Хјустон поведувајќи на гости со 114-109.

Марјановиќ брлијираше кај Детроит, за 27 минути на паркетот запишувајќи 27 поени, 12 скока и две асистенции. Смит дополни со 20 поени, а Харис заврши со 17 постигнати поени. Кај Хјустон најефикасен беше Харден кого само еден скок го делеше од „трипл-дабл“. Постигна 33 поени, со 9 скока и 12 асистенции.

Се вчитува...