Шкупи и Ренова играа без голови по првиот дел на Чаир на дербито во 11. коло. Сепак, Шкупи заслужи водство по случувањата во првиот дел, но голманот Велии неколку пати спасуваше и не дозволи играчите на чаирскиот тим да се радуваат.
Уште од стартот на натпреварот Шкупи притисна да даде гол, па така првата закан дојде од Трапановски кој шутираше по средината каде беше сигурен Велии. Потоа следуваше и обидот на Цветаноски, но одново Велии одбрани. Следуваше супер прилика за Алварез од слободен удар, но Велии ја „извади“ топката од аголот.
После 25. минута Ренова успеа да воспостави рамнотежа, па и да игра со топката, а Шкупи мораше на моменти и со остри прекршоци да ја сопира нивната доминација, со што заработија два жолти картони.
Во таа рамнотежа дојде и првата шанса на Ренова преку Јусуфи, но одбрани Наумовски.
Алварез имаше уште еден обид во 31. минута, но заврши за малку над голот. Така двата тима не успеаја да го најдат патот до двата гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА