ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО: Работнички и Ренова без „муниција“

Ништо против ништо на дуелот помеѓу Работнички и Ренова, барем кога станува збор за головите. Но според шансите, заслужија и двата тима да дојдат до гол(ови). Ренова беше подобар противник во првиот дел, имаше повеќе шанси, но не дојде до гол. Работнички, пак, далеку подобар противник во вториот дел, меѓутоа немаше гол.

Првата шанса веднаш ја имаа фудбалерите на Ренова, но одбрани Јанков. Потоа шанса имаше и Селмани, но не го најде патот до голот. Најдобрата шанса на натпреварот ја имаа играчите на Работнички, кога од гол линијата спаси Бајрами водство на домашниот тим. Претходно шанса имаше и Ристевски, но шутираше само крај голот.

Работнички продолжува да бележи неефикасност, односно четврти натпревар по ред не постигнува гол, и се гледа дека на „романтичарите“ им недостасува напаѓач, додека Ренова не успева да победи на втор натпревар по ред во првенството.

Се вчитува...