ПРВА ЛИГА, 17. КОЛО: Дерби на Чаир – Шкупи ја зголемува, или Шкендија крати од предноста на лидерот?

Сосема е јасно дека екипата на Шкупи е есенски првак. На две кола до крајот, чаирскиот тим има предност од шест бодови зад второпласираниот тим на Академија Пандев, а денешниот меч против Шкендија на Чаир може многу работи да одлучи околу титулата на крајот. Ако победи Шкупи, тогаш ќе има предност од дури 11 бодови пред Шкендија, и се чини дека битката помеѓу овие два тима ќе биде завршена со добивање на чаирскиот тим. Од друга страна, пак, Шкендија има убава можност да скрати од разликата на лидерот која изнесува осум разлика. Ако победи, Шкендија ќе дојде на достижни пет, и низ пролетниот дел потоа ќе брка нова титула.

Шкупи игра извонредно сезонава, особено на домашен терен каде ги има сите победи. Се надеваат од чаирскиот тим дека ќе ја продолжат серијата на победи и против актуелниот шампион.

„Ова е македонско „Ел-класико“ ако можам така да кажам. Подготвени сме за овој натпревар, и физички и психолошки. Ќе биде добар меч, и подготвени сме да дојдеме до трите бода на нашиот стадион. Присуството на навивачите ќе ни ја олесни работата. Нивната поддршка е прекрасна, мотивира, не бодрат 90 минути и секогаш се со нас. Па утре заедно со нив да победиме на овој натпревар“, рече Фаустин Сенгор.

Шкендија доаѓа на Чаир во форма топло-ладно. Штотуку ќе се помисли дека ќе фатат ритам, играчите на тетовскиот тим веднаш се демантираат самите себе си. После победата на тешкиот терен во Ѓорче Петров, тетовци се намачија против фенерцијата Пелистер и тоа на свој терен минатото коло. Иако играчки не импресинираат сезонава, сепак, Шкендија влегува во пресметката со Шкупи со пет натпревари без пораз.

„Имаме цели кои мора да ги постигнеме. Во последните два натпревари мораме сите да дадеме максимум. Против Шкупи верувам дека можеме да оствариме победа, ако влеземе мотивирани. Секогаш сме концентрирани од меч во меч, сакаме да ги добиеме овие два меча и да ја завршиме есенската полусезона поблиску до првото место“, рече капитенот Егзон Бејтулаи.

Денеска се играат и останатите натпревари од Првата лига. Брегалница го чека Работнички, кој не е ефикасен во последните четири кола, додека штипјани дома играат добро и победуваат. Скопје во Автокоманда го пречекува составот на Струга Т.Л., а интересно ќе биде и на другата страна од Скопје, во Ѓорче Петров каде гостува Академиија Пандев. Ренова игра против Тиквеш, а во Битола битка на последните две екипи Пелистер и Борец.

 

Се вчитува...