ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО: Тиквеш дома може со секого, Брегалница по прекин на лошата гостинска низа

Со натпреварот меѓу Тиквеш и Брегалница, денеска почнува 18-тото, последно коло во есенскиот дел од сезоната, по кое прволигашите заминуваат на двомесечна пауза. Согласно најавите, првенството продолжува на 20 февруари, а двата тима сакаат да ја завршат годинава со три бода.

Тиквеш на домашен терен може да се носи со секој противник. Тоа го покажа и низ натпреварите во овој втор дел од есенската полусезона, кога во Кавадарци „паднаа“ Работнички, Борец, Македонија ЃП… Кавадарчани играат добро под водство на Влатко Костов, тренерот од Штип кој што во минатото беше дел и од Брегалница и како играч, и како тренер.

Очекувањата од Тиквеш се дека ќе освојат три бода, кои ќе им бидат важни за искачување кон средината на табелата, односно избегнување на горниот дел.

„Ривалството со Брегалница трае уште од Втората лига и очекувам интересен и возбудлив натпревар. Лошо ја почнавме оваа сезона, но како одминуваше времето играме се подобро. Тиквеш може и мора многу повеќе да покаже во останатиот дел од сезоната. Што се однесува до мечот со Брегалница, секогаш дуелите со нив биле интересни. Не очекува тежок противник, но ќе дадеме се од себе да победиме“, рече Тоше Делов, стоперот на Тиквеш.

Брегалница во дуелот со Тиквеш влегува по поразот од Рабонички на домашен терен. Штипјани на гостински терен не може да се пофалат со добри резултати. На последните четири меча, вклучувајќи го и Купот против Силекс, избраниците на Марјан Секуловски немаат ниту една победа. Се надеваат дека таа низа ќе биде прекината денеска и дека на одмор ќе заминат со победа.

„Посакуваме со позитивен резултат да ја завршиме есента иако сме свесни дека ќе биде повеќе од тежок натпревар во Кавадарци. Мора сериозно да пристапиме на натпреварот. Ни недостасуваат голем број играчи, но лично верувам дека можеме до бодови од дуелот против Тиквеш кој има навистина тим за почит“ – вели Јордан Манев поврадникот во тимот на Брегалница.

Утре се играат останатите натпревари, а ова се двојките:

Се вчитува...