Прва лига: Дуел на аба-лигашите во првото коло

Во просториите на кошаркарска федерација на Македонија денеска беше одржана ждрепката за новата сезона 2021/22 во Првата лига која започнува на 2. и 3. октомври, а бранителот на трофејот повторно ќе биде МЗТ Скопје.

Аеродромци одбраната на трофејот ја започнуваат во Битола против Пелистер, додека минатогодишниот вицешампион Еуро Никел на домашен терен го пречекува Гостивар. Останатите парови се: МЗТ Скопје 2 – Работнички, Куманово и Ангели, Феникс 2010 и Академија ФМП, односно Кожув и ТФТ.

Новата сезона повторно ќе брои 12. клуба во добро познатиот систем дома-гости со кој ќе се комплетира првиот дел од сезоната. Натпреварувањето потоа продолжува со шест клуба во Суперлигата и шест во плејаутот кои ќе разигруваат за опстанок во најсилното македонско кошаркарско натпреварување.

Се вчитува...