ПРВА ЛИГА: Гостивар го „разнесе“ Работнички, ТФТ подобар од МЗТ 2

Гостивар убедливо го совлада тимот на Работнички во прволигашки натпревар одигран во салата „Младост“ во Гостивар. На крајот Готиварци победија со 91:65 со доминација речиси во целиот натпревар.

Уште по првата четвртина Гостивар направи 10 разлика (27:17), а во втората само ја зголеми предноста (22:15). Третиот период го добија кошаркарите на Работнички (20:22), за во четвртиот Гоствар повторно да се врати и да ја добие во своја корист (22:11).

В домашниот тим Ворку постигна 24 поени, Ефремовски и Тодоровиќ завршија со по 13 поени. Кај Работнички Данаиловски и Мустафица беа најефикасни со по 11 поени.

Во вториот дуел, ТФТ со 91:85 славеше над МЗТ Уни Банка.

Разликата ТФТ ја направи благодарение на добрата игра во вториот период, кој го доби со 29:14, откако во првиот беше израмнето 25:25. Третата четвртина ја добија домашните со 20:18. МЗТ 2 се обиде да се врати, но не успеа, иако го доби последниот период со 17:28.

Најефикасен на средбата беше од поразениот тим Рансом со 29 поени. Хортон кај ТФТ постигна 19 поени.

Се вчитува...