Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 29. КОЛО
Од натпревар кој мораше да се добие, и се чини веќе беа впишани бодовите, до огромен кошмар за Шкендија. Актуелниот првак доби сериозна „шлакница“ од Башкими и беше сопрена во обидот одново да се искачи на шампионскиот трон. Кумановскиот тим се чини го решава освојувачот на шампионскиот пехар. Ја „тресна“ Шкендија, и тоа на нејзин терен, и тоа кога ниту најголемите песимисти не очекуваа дека четата на Јетон Беќири може да се сопне на оваа пречка. Триумф на Башкими од 2-3, симнувајќи ги тетовци од шампионскиот трон, а овозможувајќи му на Вардар да стави една рака на пехарот. Сега Башкими го има „клучот“ за титулата, затоа што на домашен терен го пречекува токму Вардар. Ја мине ли оваа пречка, шампањското може да почне да се лади.
А, Вардар лесно, прелесно го реши тимот на Тиквеш. Со седум „парчиња“. Тиквеш влезе во криза, ама и не е толку важно со оглед дека веќе се со обезбеден опстанок. Но седум гола се многу. Навистина понижувачки.
Се расчистува и ситуацијата за опстанок. Шкупи е веќе испаднат, а на него веројатно ќе му се приклучат уште двете скопски екипи Работнички и Македонија ЃП. Три екипи од главниот град би можеле да испаднат на крајот. Македонија ЃП победи над Работнички и се спаси од дефинитивно „давење“, а ова го искористиј Пелистер кој славеше на гостувањето во Струмица кај АП Брера. Токму овие два тима би можеле да играат во бараж, затоа што Арсими се одлепи, исто и Башкими, додека Тиквеш и претходно беше сигурен.
Уште четири битки до крајот, уште четири битки за титула и за опстанок. Веќе е јасно само кој ќе биде трет, а кој четврт, и кој последен, другото и натаму не е познато, но веќе станува појасно.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Азер Омерагиќ (Вардар)
Три гола против Тиквеш во убедливиот триумф од 7-0 за напаѓачот на Вардар, Азер Омерагиќ. Вардар со оваа победа избега на четири бодови предност на табелата пред Шкендија, и се наоѓа пред шампионска промоција. Со овие три гола, Омерагиќ се искачи на третото место на листата на стрелците, и сега стана најдобар голгетер на „црвено-црните“ сезонава.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Баже Јанакиевски (Башкими)
Башкими направи голем чекор кон опстанокот во ПМФЛ, но затоа го симна од тронот тимот на Шкендија со триумфот во Тетово од 2-3. Благодарение на тренерот Јанакиевски, кумановскиот тим успеа да направи сензација и да дојде до три бода.
==============================
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 29. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
