ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Без големи возбудувања, без големи изненадувања… Само Скопје го запре победничкиот од на „лавовите“!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 23. КОЛО

Натпреварувачка рунда која не донесе големи промени и изненадувања во битката за врвот и дното… Шкупи и натаму победува трасирајќи си го својот пат кон титулата, а на дното веќе се чувствува кој ќе ја напушти лигата а за кого ќе биде баражот за опстанок. Најголемото изненадување го приреди Пелистер кој остана непоразен на гостувањето против фаворизираната Ренова. Останува и за одбележување ремито на Македонија ЃП. По шест едноподруго победи „лавовите“ беа запрени од Скопје. Шкендија некако успеа да дојде до триумфот над Тиквеш, а Брегалница ја врза и втората едноподруго победа во шампионатот, овој пат убедлива против Борец.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Повторно човек за одлука во триумфот на Шкупи. Со нов погодок, го отвори патот за победа на Шкупи и над Работнички. Во квалитетното второ полувреме на тимот еден од најзапазените поединци кои се носители на играта на чаирчани.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Љупчо Марковски (Скопје)

Скопје, по шест едноподруго кола, е првиот тим кој успеа да го запре победничкиот од на Македонија ЃП. Одлична тактичка поставеност на играта на Скопје која целосно го неутрализираше средниот ред и нападот на „лавовите“ за повеќе од заслужено реми.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Александар Вареловски (Тиквеш)

Убав погодок на Александар Вареловски со кој во тие моменти ја шокираше Шкендија израмнувајќи го резултатот. Но, сепак, до крај тетовци успеаја да дојдат до триумфот.

========================================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Шкупи и натаму лета….

Се вчитува...