ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Битката за Европа се „разгорува“, „фестивал“ на прекрасни голови во ПМФЛ

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 31. КОЛО

Академија Пандев, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров ќе водат голема борба за пласман во Европа во последните две кола во Првата македонска фудбалска лига. По поразот од „лавовите“ минатото коло, „пандевци“ вчера беа убедливи против Шкендија со 4-2 и со тоа уште толку ја „замрсија“ работата на врвот на табелата. Од друга страна, помалку и среќно тимот од Ѓорче Петров успеа да извлече бод против шампионот Шкупи (1-1) со пенал во 96. минута. Борбата за Европа ќе остане единствената непозната во домашниот шампионат, откако Борец со поразот од Работнички (2-1) и дефинитивно и математички не успеа да обезбеди опстанок, а токму со победата „романтичарите“ ги пратија во бараж екипите на Тиквеш и Скопје.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Томислав Илиев (Академија Пандев)  

Струмичка Академија Пандев стигна до голем триумф во борбата за Европа против директниот ривал Шкендија. „Пандевци“ славеа со (4-2), а еден од главните виновници за овој триумф беше дефанзивецот Томислав Илиев кој одличната партија ја круниса со два гола.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ѓорге Стојчев (Академија Пандев) 

Академија Пандев на маестрален начин триумфираше против директниот ривал во борбата за Европа, Шкендија со 4-2. Младиот стратег го надигра својот колега Артим Шаќири и со тоа го доближи својот тим се поблиску до Европа следната сезона.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Иво Јанакиевски (Скопје) 

Скопје во голеадата против Пелистер стигна до победа на домашен терен од 4-2, а натпреварот го одбележа неверојатниот погодок на Иво Јанакиевски. Тој можеби на овој меч го постигна и голот на сезоната во ПМФЛ.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Гужва“ во шеснаесетник 

Се вчитува...