Прва лига – ПОД ЛУПА: Битолско-„романтичен“ шмек на пролетта, Шкупи и Шкендија далеку од очекувањата, Вардар не се предава

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 22. КОЛО

Работнички е тимот на колото на крајот од вториот круг во првенството на Првата македонска фудбалска лига. „Романтичарите“ на доминантен начин триумфираа на гостувањето против Шкупи веќе најавувајќи ја и битката за европски излез. Киксот на Шкупи, пак, не го искористи Шкендија која само ремизираше со Ренова. Битката во делот за опстанок и натаму останува крајно неизвесна, иако се издвојува Пелистер кој има најдобар старт од сите прволигаши на пролетниот дел од сезоната.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Никола Прелчец (Работнички)

Хрватскиот офанзивец уште низ првите пролетни натпревари покажа дека ќе биде одлично засилување за тимот на Работнички. Стрелец на убав погодок во триумфот над Шкупи и еден од најзаслужните за освоените три бода.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Влахо (Работнички)

„Романтичарите“ се една од најдобрите екипи низ првите четири кола од пролетната сезона. Влахо успеа да склопи одличен тим, кој по одличните игри претходни рунди, сета своја моќ ја демонстрираше на дербито против Шкупи. Работнички под водство на Влахо нема пораз, а сега и тоа како е кандидат за излез на европската сцена следната сезона.

=======================================================================================

ТРАГИЧАР НА КОЛОТО: Киксот на Наумовски го отвори патот за триумф на Работнички…

Работнички дојде до голема победа од 0-2 во дерби натпреварот против Шкупи на теренот на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје. Повеќе од заслужен триумф за „романтичарите“ кој беше најавен уште во 1. минута со голот на Кристијан Стојкоски, а по големиот кикс на одбраната на Шкупи и голманот Кристијан Наумовски.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Лудвиг Коџо (Македонија ЃП)

Прекрасна акција на „лавовите“ со која дојдоа до победата против Силекс. Извонредна асистенција на Божиновски и уште подобра завршница на Коџо кој го постигна својот деби-гол во дресот на Македонија ЃП.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Петли“ на терен!

Се вчитува...