ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Брегалница со стил му ја „честиташе“ титулата на Шкупи, „лавовите“ со голем триумф во борбата за Европа

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 30. КОЛО

Штипска Брегалница со стил му ја честиташе титулата на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, откако по „шпалирот“ успеа да му „спакува“ четири гола во убедливата победа на домашен терен од (4-1). Херој за штипјани беше Ѓокиќ кој постигна два гола на овој меч. Македонија ЃП стигна до значајна победа во борбата за Европа откако славеше над Академија Пандев во еден интересен натпревар со 1-0. Со овој триумф „лавовите“ останаа во игра за едно од првите три места на табелата. Борец победи против Скопје и со тоа се уште математички остана во игра за едно од местата кои водат во баражот и спас од директна елиминација и пласман во ВМФЛ следната сезона.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Милан Ѓокиќ (Брегалница) 

Штипска Брегалница со стил му ја честиташе титулата на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, откако по „шпалирот“ успеа да му „спакува“ четири гола во убедливата победа на домашен терен од (4-1). Херој за штипјани беше Ѓокиќ кој постигна два гола на овој меч.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Илчо Ѓорѓиоски (Брегалница) 

Брегалница стигна до голем триумф на домашен терен над шампионот Шкупи со 4-1. Тренерот на штипјани Илчо Ѓорѓиоски одлично ја заврши својата работа на тактички план успевајќи да го надмудри својот колега на клупата на тимот од Чаир, Гоце Седлоски.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Струга ТиЛ) 

Струга Трим и Лум одигра реми на гостувањето кај Ренова (1-1) во 30. коло од ПМФЛ. Стрелец на голот за гостите беше српскиот интернационалец Немања Босанчиќ на феноменален начин од слободен удар.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...