ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Чаир ја слави есенската круна, „лавовите“ ги слават Воша и Бајрами

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 17. КОЛО

Шкупи ја осигура есенската круна и ја остави Шкендија на претходната бодовна дистанца од себе, благодарение на голот на Фреди Алварез во последните минути. Но, токму натпреварот во Чаир во кој Шкендија беше подобар противник покажа дека чаирчани не може да бидат сигурно дека имаат доволно бодовна залиха за пролетта во трката за шампионската титула. Јасно е дека докрај ќе биде неизвесноста околу шампионската трка, како и за европските места и опстанокот во лигата која сезонава не нуди сериозен квалитет но единствено крајна неизвесност.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Арби Воша (Македонија ЃП)

Убедливо најдобриот поединец во големата победа на Македонија ЃП над Академија Пандев од 4-1. Младинскиот репрезентативец запиша и два погодоци носејќи го својот тим до значајни три бода со кои „лавовите“ се издвоија од дното на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

По доаѓањето на клупата на „лавовите“ го препороди тимот кој бележи одлични резултати последните кола. Круна на тоа е и неочекувано убедливата победа од 4-1 против Академија Пандев со која Македонија ЃП на едно коло пред крајот на есенскиот дел се издвои од дното на табелата. Бајрами одлично ја постави играта и на мечот против „пандевци“ за триумф кој беше обезбеден уште по првото полувреме.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи)

Еден од најдобрите фудбалери на Шкупи го постигна најубавиот погодок во претпоследното есенско коло. Директно од слободен удар запиша вистинско ремек-дело кое добива поголема тежина ако се знае дека беше во последните минути од средбата и за бод за својот тим на дербито со Шкендија.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Се работи и на терен и на трибините!

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 17. КОЛО

Се вчитува...