ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Чаирчани ‘грабат’ кон титула, „лавовите“ во пролетен транс!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 20. КОЛО

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Пепи Ѓоргиев (Ак. Пандев)

Одлична партија на засилувањето на „пандевци“. Три гола само за половина час за убедлива победа на својот тим против Скопје дефинитивно го издвојуваат Пепи Ѓоргиев како играч на колото во македонскиот шампионат.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

На извонреден начин ги води „лавовите“ по преземањето на кормилото на клубот. Македонија ЃП дојде и до втората победа во второто пролетно коло овој пат на гостувањето против Ренова. Бајрами, откако неговиот тим поведе уште во 2. минута, успеа тактички да ја контролира играта и на крај да не дозволи Ренова да им ја украде победата.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Благоја Љамчевски (Тиквеш)

Прекрасен погодок на Љамчевски во самиот финиш со кој донесе важна победа за својот тим. „Бомбата“ на фудбалерот на Тиквеш е дефинитивно гол на колото во елитното друштво.

========================================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

========================================================================================

ТАБЕЛА ПО 20. КОЛО

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Радески за победа…

 

Се вчитува...