ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Дерби како што го личи, Шкупи и Шкендија овојпат го искористија „киксот“ на Струга

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 27. КОЛО

Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати на „Тодор Проески“ арената, но само како гостин за натпреварот против градскиот ривал Работнички. Неверојатна атмосфера на трибините, но на крајот победа на „херојот од Дебар маало“ со 2-0. Актуелниот шампион Струга ТЛ повторно не успеа да победи ремизирајќи 2-2 со Брегалница, а стружани треба да бидат задоволни и со бод бидејќи во финишот ги спасуваше Бесарт Ибраими од пенал. Овој кикс го искористија Шкупи и Шкендија кои сега ја направија уште поинтересна борбата за титулата. Шкендија го прегази Силекс со 6-1, додека Шкупи беше подобар од Македонија ЃП со 3-1. АП Брера славеше со минимални 1-0 против Воска, додека Гостивар беше подобар од Тиквеш со 2-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ендрит Красниќи (Шкендија) 

Фудбалерите на Шкендија ја оставрија најголемата победа сезонава во ПМФЛ откако на домашен терен го прегазија Силекс со 6-1. Најдобар фудбалер во таборот на домаќините беше Ендрит Красниќи па затоа го заслужи и признанието играч на колото во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
Фудбалерите на Работнички по црната низа конечно победија во ПМФЛ и тоа ни повеќе ни помалку туку против градскиот ривал Вардар (2-0). Новиот тренер на „романтичарите“ Горан Станиќ одлично го подготви својот тим за овој дуел и на крајот и повеќе од заслужено го доби епитетот тренер на рундата во ПМФЛ.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ повторно не успеа да победи ремизирајќи 2-2 со Брегалница. Сепак, и покрај слабиот меч на стружани, натпреварот го обележа Буњамин Шабани кој постигна прекрасен гол кој го доби признанието за најдобар на 27. рунда.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: НЕДОСТАСУВА ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ НА АРЕНАТА

Се вчитува...