Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 30. КОЛО
Одлични вести доби Вардар најпрво од Кратово, а потоа самите го совладаа Башкими, и така ја зголемија предноста на табелата на шест бодови, на три кола до крајот на првенството. Едната рака е ставена на шампионскиот трофеј, а другата може да биде ставена веќе следното коло.
Лидерот го искористи фактот што играше на „неутрален“ терен против Башкими, а не во Куманово, па победи со 0-2, ден после „киксот“ на Шкендија во Кратово против Силекс, кога играше само 1-1. Шкендија имаше предност, играше одлично во првиот дел, но избраниците на Јетон Беќири како да застанаа во вториот. Добија црвен картон, а потоа домашните искористија една шанса да дојдат до бод. На нив ништо не им значи, но им завршија огромна работа на вардарци во битката за титулата. Така Шкендија прави два клучни „кикса“ и се чини дека ќе мора да ја предаде круната.
Ако ситуацијата за титулата, за второто, третото и четвртото место е веќе јасна, кај опстанокот и натаму ништо не е јасно. Тиквеш се чини дојде до директен опстанок, Башкими е тука некаде како и Арсими, додека АП Брера дојде до голем триумф над Струга ТЛ и сега може да се надева на директен опстанок. Пелистер ќе има тешка задача за такво нешто, а битолчани треба да мислат како да не испаднат директно, и да се обидат преку бараж. Работнички испушти три бода во мечот со Пелистер и освои само еден, инаку ќе беше во добра позиција. Македонија ЃП оствари две победи по ред и си ја врати надежта за опстанок во последните три кола. Сега откако првакот е речиси решен, остануваат битките за опстанок да бидат далеку поинтересни.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар дојде до важна победа во битката за титулата во ПМФЛ. Триумф над Башкими во Гостивар од 0-2. Творец на победата беше Горан Закариќ. Најпрво самиот стрелаше со глава, а потоа асистираше до Николов за конечна победа на „црвено-црните“ со која направија +6 од својот најголем ривал Шкендија.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шефки Арифовски (АП Брера)
АП Брера имаше многу среќа во дуелот со Струга ТЛ. Од една шанса стигна до победа. Така искусниот Шефки Арифовски дојде до три важни бодови за опстанок. Се чини дека тимот од Струмица нема директно да испадне, сега прашање е само дали ќе треба преку баражот или ќе успее да обезбеди директен опстанок.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Петар Петковски (Пелистер)
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 30. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА