Прва лига – ПОД ЛУПА: Елези, Тасевски, Драгарски – „лавовите“ и Вардар!

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 12. КОЛО

  • Македонија ЃП, Вардар, Беласица, Академија Пандев и Струга ТЛ се екипите кои запишаа победи во оваа рунда натпревари на прволигашката сцена. Факт е дека „вардарци“, согласно актуелната ситуација во клубот, изненадија со триумфот против Борец во Велес, исто како и Беласица на гостувањето во Кратово. Но, секако не е изненадување победата на „лавовите“ против Работнички. Ѓорчепетровци играат одлично сезонава и веќе се на само еден бод од водечката Шкендија која ремизираше во дерби-пресметката со Шкупи.

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО – Дашмир Елези (Шкендија)

  • Со своите 16 години и еден ден запиша извонреден дерби натпревар во дресот на Шкендија, постигнувајќи го својот деби-гол. Младиот фудбалер на тетовци покажа дека се работи за голем талент уште еднаш потврдувајќи дека се работи за голема надеж на македонскиот фудбал.

 

=====================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Жикица Тасевски (Македонија ЃП)

  • Тасевски одлично го води тимот од Ѓорче Петров во новата сезона. Со победата на секогаш тешкото гостување на „Тодор Проески“ против Работнички, Македонија ЃП е само на бод негатива од првопласираната Шкеднија. Жикица Тасевски успеа од „лавовите“ да направи повеќе од респектабилна екипа инсталирајќи атрактивен и напаѓачки фудбал. На последните три натпревари во ПМФЛ неговите фудбалери постигнуваат по три погодоци.

=======================================================================================

ТРАГИЧАР НА КОЛОTO: Христијан Драгарски (Пелистер)

  • Капитенот на тимот од Битола со волеј-удар од 20 метри успеа, на ретко виден начин, да го лобува сопствениот голман на натпреварот против Академија Пандев во Струмица. Пелистер го загуби мечот со 3-2, а неговата грешка беше една од причините за продолжување на лошата форма на битолчани во прволигашката конкуренција.


=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Дашмир Елези (Шкендија)

  • Голот на Дашмир Елези го одбележа колото во Првата македонска фудбалска лига, пред се поради специфичната тежина на натпреварот, и поради фактот дека со своите само 16 години и еден ден се издвои како најмладиот стрелец во историјата на тетовскиот клуб.


=======================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Илирид Адеми – ниту Захов не можеше да спаси!

Голот на Илирид Адеми со кој Шкупи дојде до посакуван бод на дербито со Шкендија – Ниту Захов не можеше да спаси!

Се вчитува...