Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 14. КОЛО
Историјата во ПМФЛ вели: ако сакаш да играш долго во Европа, тогаш треба да се откажеш од титулата. Така беше во 2018 година кога Вардар избори групна фаза во Лигата на Европа, а очигледно така ќе биде и сега со Шкендија. Тетовските „црвено-црни“ данокот со играњето во групите во Лигата на конференции најверојатно ќе го плати со „титула“. Одбраната на тронот е се подалеку, а екипата не покажува дека има сила за нова титула. Особено тоа се виде со убедливиот пораз од Арсими со 3-0. Шкендија во двата меча не успеа да постигне ниту еден гол против овој тим. Вадар максимално профитираше од овој пораз на Шкендија, и сега има шест бодови предност на врвот, и дуел на домашен терен во вториот круг. Вардар лесно го реши тимот на АП Брера и остана на врвот, а го следи тимот на Струга ТЛ кој лесно дојде до бодовите против Работнички, а можеше да му нанесе вистинска катастрофа. Но, важни беа трите бода, за да продолжи потерата кон „црвено-црните“ од Скопје. Ако на врвот се расчистува сликата кои ќе бидат екипите кои ќе се борат за титулата, тогаш истото важи и за дното. Особено за последните две места кои носат директно во Втора лига. Шкупи веќе многу заостанува и со едната нога е второлигаш, а Работнички и натаму тоне во агонија, и покрај тоа што екипата доби нов тренер. Ниту Тупајиќ не го разбуди тимот од Дебар Маало од кошмарот, и ако нешто не се промени престојната зима, тогаш „романтичарите“ идната сезона нема да ја видат „елитата“. А, жестока битка ќе се бие за последното место за испаѓање, како и за баражите. Тука конкуренцијата е голема, почнувајќи од Пелистер, па Македонија ЃП, Тиквеш, АП Брера, Арсими, а и Башкими може да влезе во оваа „шема“. Некои екипи ќе ги чека „жешка“ зима, и покрај тоа што надвор може да биде „кочан ладно“.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Албан Таипи (Арсими)
Напаѓачот на Арсими ѝ пресуди на Шкендија. Најпрво со асистенција до Шефити кон крајот на првиот дел, а потоа на стартот на вториот и со погодок, со кој најпрво ја „измрда“ одбраната на Шкендија, и заслужено понесувајќи го епитетот играч на колото.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)
Тренерот Вилдан Салиу покажа како треба да се игра против Шкендија. Ја победи со 3-0 и го понесе епитетот тренер на колото. Тренрот кој долго време е на чело на клубот, и ја знае екипата како „дише“, постави победничка тактика со која го „урна“ шампионот и тоа на убедлив начин.
==============================
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер лесно го совлада тимот на Шкупи на гости, а прекрасен гол постигна Лука Булатовиќ, играчот на битолскиот тим. Одкосо од десно од 25-26 метри упати прецизен удар со кој ја „скина пајажината“ од десниот горен агол од голот на Шкупи.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 14. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
