ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Фудбал на македонски начин – повеќе исклучувања од постигнувања!

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 16. КОЛО

Оваа рунда натпревари од Првата македонска фудбалска лига ја одбележаа црвените картони, дури шест исклучувања на четири натпревари. И кога се ќе се сумира, ако се погледнат и постигнатите голови, вкупно девет на шест натпревари, тогаш очигледно е дека во македонскиот фудбал има повеќе исклучувања од постигнувања. Но, како и да е, победник и од ова коло е Шкупи кој се издвои на врвот од табелата пред Академија Пандев која одигра без победник со Брегалница во Струмица. Шкендија, по очајниот старт на сезоната, веќе се враќа на позициите кои ги очекуваше и посакуваше па сосема е јасно дека не се исклучува ниту можноста тетовци повторно да се борат за титулата, и покрај тоа што се уште е очигледно дека не ја демонстрираат играта од минатите сезони.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Фреди Алварез (Шкупи)

Одличниот Фреди Алварез беше главен виновник за победата на Шкупи на тешкото гостување кај Скопје во Автокоманда (1-3). Тој со два гола и асистенција му ја донесе на тимот од Чаир есенската титула во Првата македонска фудбалска лига.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Седлоски уште еднаш покажа дека на одличен начин го води Шкупи сезонава. Неговиот тим одигра феноменално на тешкото гостување кај Скопје и со победата од 1-3 со што веќе се двои на врвот од табелата пред конкурентите за трофејот оваа сезона.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Виктор Јуфо (Пелистер)

Феноменалниот гол на Виктор Јуфо не беше доволен за позитивен резултат на Пелистер на гостувањето против Шкендија. Бразилецот против својот поранешен клуб постигна неверојатен гол во поразот на „фенерџијата“ од 1-2.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Сите ќе ве исклучам!

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 16. КОЛО

Се вчитува...