ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: „Фудбалски празник“ во Маџари, Струга минимално се одлепи пред Шкупи и Шкендија

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 24. КОЛО

Последното коло пред мартовската ререзентативна пауза донесе многу возбудувања во Првата македонска фудбалска лига. Дефинитивно се разгорува битката за шампионската титула, но интересно ќе биде и во таа за опстанок каде што на девет кола до крајот дури половина од тимовите во ПМФЛ стравуваат за својата иднина. Актуелниот шампион Струга ТЛ направи голем чекор кон титулата откако славеше на гостувањето кај Работнички со 1-2 и со тоа го искористи киксот и на Шкендија и на Шкупи. Во дербито на мак-фудбалот најтрофејниот Вардар во прекрасна атмосфера и одличен меч во Маџари успеа да и откине два бода на Шкендија и да ремизира 1-1. Шкупи, пак, остана без муниција на гостувањето во Охрид кај Воска спорт (0-0).  Силекс ја забележа и втората победа во низа откако на домашен терен беше подобар од АП Брера со 2-1. Прва победа на клупата на Македонија ЃП забележа Бобан Грнчаров кој славеше над Тиквеш со 1-0, додека без голови заврши мечот меѓу Брегалница и Гостивар во Штип.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Maрјан Радески (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ направи голем чекор кон титулата откако славеше на гостувањето кај Работнички со 1-2 и со тоа го искористи киксот и на Шкендија и на Шкупи. Најзаслужен за победата на стружани повторно беше одличниот Марјан Радески кој заслужено го доби епитетот играч на 24. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
Силекс ја забележа и втората победа во низа откако на домашен терен беше подобар од АП Брера со 2-1. По слабиот старт на пролетниот дел од сезоната Александар Васоски и неговиот тим конечно влегуваат во форма, па се очекува кратовчани до крајот на ПМФЛ да бидат незгоден противник буквално за сите екипи.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Марјан Радески (Струга ТЛ)

Актуелниот шампион Струга ТЛ направи голем чекор кон титулата откако славеше на гостувањето кај Работнички со 1-2 и со тоа го искористи киксот и на Шкендија и на Шкупи. Најзаслужен за победата на стружани повторно беше одличниот Марјан Радески кој беше стрелец и на најубавиот погодок ова коло во ПМФЛ.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: КАЈ ШТО ТОНЕШ ТИ ИЗВИРАШ!

Се вчитува...