ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: „Гулаби“ во облаци…, тажна Шкендија и расположени „лавови“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 12. КОЛО

Шкупи и дефинитивно е прв фаворит за освојување на шампионската круна. Со убедливата победа над Брегалница јасно уште еднаш ги потврдија своите амбиции. И, ако веќе Шкупи се издвојува на врвот, сосема е јасно, пак, дека битката за европските места ќе биде повеќе од неизвесна. Како и онаа за опстанок во која и натаму најзагрозени се Борец, Тиквеш и Пелистер.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Матеј Цветаноски (Шкупи)

Одличен натпревар за Цветаноски кој со два гола беше еден од главните виновници за убедливиот триумф на лидерот против незгодната Брегалница (5-0). Чаирчани полека, но сигурно газат кој освојување на титулата во ПМФЛ, а Цветаноски и тоа како е еден од најважните фудбалери во тимот на Шкупи.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Уште една беспрекорна партија на тимот на Гоце Седлоски кој овој пат убедливо славеше со Брегаланица. Чаирчани одиграа мудро, со одлична реализација во нападот што на крајот им донесе победа. Сето тоа носи дополнителен мотив за тимот во битката за шампионската титула.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Сефер Емини (Македонија ЃП)

Маестрален гол на Сефер Емини. Извонредно зафати со полуволеј топка од 17 метри сместувајќи во горниот десен агол од голот на Пелистер…


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Шкендија се мачи…

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 12. КОЛО

Се вчитува...