ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Се насетува ли за Шкендија светло на крајот од тунелот!?

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 7. КОЛО

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)

Сандеј Адетунџи на дуелот против Борец покажа дека ќе биде сериозно засилување за тимот. Два гола против велешани со кои Шкупи изби на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ. Сандеј е неопходниот голгетер во тимот на Гоце Седлоски во трката за шампионската титула.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Влахо (Работнички)

Стратегот на Работнички го вметна тимот од Дебар Маало меѓу конкурентите за титулата во домашниот шампионат. Големиот триумф на секогаш тешкото гостување во Ѓорче Петров е само причина плус за тоа да се закити со наградата најдобар тренер на колот. Влахо успеа максимално тактички да го надмудри противникот, трпеливо градејќи го триумфот.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Матеј Цветановски (Шкупи)

Прекрасен соло-продор на Матеј Цветановски со кој го отвори резултатот на натпреварот против Борец најавувајќи ја победата на својот тим…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Конечно светлина и за тетовци…..

ТАБЕЛА – 7. КОЛО

Се вчитува...