ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА – ИЗБОР НА НАЈДОБРИТЕ ЗА ПОЛУСЕЗОНАТА: Струга ТЛ, Дуро, Радески…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================================================================================

ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНА

ЕКИПА.МК на крајот на тековната 2023 година ги избира најдобрите од првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Најдобриот тренер, најдобриот фудбалер, како и тимот на полусезоната, најубавиот гол и фотографијата на полусезоната. И повеќе од заслужено тренер на есенскиот дел од шампионатот е Шпетим Дуро, кој по освојувањето на трофејот минатата сезона и оваа година ја држи по есенскиот дел Струга на врвот во мак-фудбалот.  За најдобар фудбалер во овој дел од шампионатот е избран Марјан Радески… Фудбалерот на Струга одигра феноменален есенски дел и е еден од главните виновници што тимот од градот на Дрим повторно е на врвот во домашниот шампионат. Друштво меѓу најдобрите единаесет му прават и: Артан Илјази (Шкупи), Марио Младеновски (Шкупи), Ванѓел Згуро (Струга ТЛ), Клисман Цаке (Шкендија), Ендрит Красниќи (Шкендија), Кристијан Трапановски (Шкупи), Буњамин Шабани (Струга ТЛ), Иван Ивановски (Тиквеш), Ланре Кехинде (Гостивар), МАРЈАН РАДЕСКИ (Струга ТЛ) и Алекса Марушиќ (Воска).

====================================

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНА: Марјан Радески (Струга ТЛ) 

За најдобар фудбалер во овој дел од шампионатот е избран Марјан Радески… Фудбалерот на Струга Трим и Лум одигра феноменален есенски дел во кој е еден од најголемите виновници што тимот од градот што лежи на реката Дрим, поторно е на врвот во мак-фудбалот.

================================

ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНА: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)

И повеќе од заслужено тренер на есенскиот дел од шампионатот е Шпетим Дуро, кој по освојувањето на трофејот минатата сезона и оваа година ја држи по есенскиот дел Струга на врвот во мак-фудбалот.

=============================

ГОЛ НА ПОЛУСЕЗОНА: Георгије Јанкулов (АП Брера) 

Најубавиот погодок на полусезоната ни повеќе, ни помалку се случи на отворањето на новата прволигашка авантура. Младиот фудбалер на АП Брера Струмица, Георгије Јанкулов го постигна единствениот погодок вреден три бода во натпреварот против Вардар на стартот на ПМФЛ. Младиот фудбалер постигна неверојатен погодок од 30-тина метри со кој го матираше одличниот Филип Гачевски на голот на Вардар.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОЛУСЕЗОНА

ФОТО НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Најмладите во Штип живеат за фудбалот!

Се вчитува...