Прва лига – ПОД ЛУПА: Изненадувачки резултати, смешни голови, „театар“ за крај на есента…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 18. КОЛО

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Лука Станковски (Работнички) 

Уште еден во низата одлични натпревари на еден од најголемите македонски фудбалски таленти. Со два гола донесе победа за „романтичарите“ кои се одлепија од опасната зона. Лука Станковски потврди уште еднаш дека е повеќе од светла иднина на македонскиот фудбал.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

Повторно Захариевски е во фокусот на прволигашките случувања откако неговата Струга ТЛ дојде и до гостинска победа од 1-2 против фаворизираниот Шкупи. Захариевски и неговиот тим и во последното коло од првенството потврдија дека ниту еден резултат од оваа прва полусезона не е случаен.

=======================================================================================

СПОРЕН МОМЕНТ: Пенал или не за Пелистер?

Пелистер дојде до неочекувана победа од 0-1 на гостувањето против Шкендија благодарение на голот од пенал на Маневски во 90. минута. Тетовци силно реагираа на одлуката на Димитар Мечкаровски да досуди удар од белата точка. Дали имаше пенал или не, одлучете сами…


=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Фернандињо (Македонија ЃП)

Македонија ЃП загуби од Ренова со 2-3 на домашен терен на крајот од есента. Ако ништо друго од вчерашниот натпревар, „лавовите“ ќе паметат дека го имаат голот на колото, прекрасниот погодок на Фернандињо во тие моменти за водство на Македонија ЃП од 2-1.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Зошто?

 

Се вчитува...