ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Коло во знак на „романтичарите“…, „лавовите“ не запираат!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 22. КОЛО

Последното коло од вториот натпреварувачки круг мина во знакот на „романтичарите“ кои успеаја да го добијат „скалпот“ на Шкендија. Тетовци, по цели 11 натпревари, запишаа пораз во шампионатот. И натаму вистински хит во пролетниот дел од сезоната е Македонија ЃП која предводена од Муарем Бајрами реди победи. „Лавовите“ го освоија и тешкиот терен во Струга. Конечно прва победа запиша и Брегалница откако е предводена од Илчо Ѓорѓиоски во вториот дел од шампионатот. Во битката за опстанок е веќе во голема мера јасно дека Борец и Пелистер може полека да се пакуваат за второлигашката конкуренција, а Скопје и Тиквеш ги чека тешка битка за избегнување на баражот.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марио Станковски (Работнички)

Најдобриот поединец во редовите на „романтичарите“. Одлична партија за својот тим заокружена и со извонреден погодок во триумфот од 2-1 против Шкендија. Работнички полека но сигурно се одвојува од небезбедната зона, сега полека приклучувајќи се кон првите пет екипи во лигата.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Борче Христов (Работнички)

Одлично го води тимот на Работнички. Тактички максимално искористени расположивите сили во составот за да повеќе од успешно се парира на секој противник. Овој пат повеќе од заслужена победа и против големиот фаворит Шкендија.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Сефер Емини (Македонија ЃП)

Мајсторски гол на Сефер Емини во победата на Македонија ЃП од 1-3 на гостувањето против Струга ТЛ. Откако најпрви низ дриблинг мина покрај четворица противнички фудбалери, потоа безмалку од мртов агол стрелаше под гредата од голот на домашните.


========================================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

========================================================================================

ТАБЕЛА ПО 22. КОЛО

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Шкендија „замрзната“ во Скопје

Се вчитува...