ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Коло во знакот на Академија Пандев и Брегалница…

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 10. КОЛО

Шкупи со начинот на кој веќе во континуитет ги освојува бодовите се издвојува и како прв фаворит за шампионската круна, иако веднаш до чаирчани на стартот од сезоната е и Ренова. Ова коло мина во знакот на Академија Пандев која славеше во дербито против Шкендија. Фудбалерите на Брегалница, пак, ја запишаа најубедливата победа од 4-1 против Македонија ЃП со што штипјани навестуваат дека и тоа како ќе играат значајна улога околу ‘кроењето’ на изгледот на врвот од табелата.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мартин Мирчевски (Академија Пандев)

Најдобриот фудбалер сезонава во ПМФЛ продолжува со неверојатните игри. Два гола за струмичани во пресврт победата над Шкендија од 2-1 во дербито на колото и вкупно десетти сезонава во исто толку натпревари.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Академија Пандев)

Стратегот на Академија Пандев успеа да го одведе својот тим до голем триумф над Шкендија во дербито на 10-та рунда во домашниот шампионат. Иако имаа негатива по првиот дел од 0-1, Васовски успеа да ги мотивира своите момци да стигнат до целосен пресврт и големи три бода.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Мартин Мирчевски (Академија Пандев)

Мирчевски е херојот на „пандевци“ со два гола за триумф во дерби-пресметката против Шкендија. Вториот погодок беше извонредно ефектен со кој ја запечати победата од 2-1…


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Накиснати тетовци…

ТАБЕЛА – 10. КОЛО

Се вчитува...