ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Коло за демонстрација на индивидуални „вештини“ – Емини, Цаке, Денковски, Мирчевски, Цветаноски!

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 14. КОЛО

Шкупи со убедливата победа над Пелистер ја зачува предноста на првенствената табела пред Академија Пандев која во тежок натпревар дојде до триумф од 3-2 против Тиквеш. Оваа рунда натпревари, се чини, ја одбележаа индивидуалците на терените. Сефер Емини со две извонредни „бомби“ донесе пресврт-победа за Македонија ЃП на Автокоманда, Денковски одбрани два пенали за Брегалница но не успеа да ја спаси од пораз, Клисман Цаке постигна гол каков ретко се гледа и на светските фудбалски терени за победа на Струга ТЛ а по два погодоци за победи на своите екипи запишаа Мартин Мирчевски за „пандевци“ и Матеј Цветаноски за чаирчани.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сефер Емини (Македонија ЃП)

Дефинитивно еден од фудбалерите кои го одбележаа ова коло од Првата македонска фудбалска лига. Два прекрасни погодоци за пресврт победа на „лавовите“ на гостувањето против Скопје во Автокоманда.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

Струга ТЛ дојде до повеќе од значајна победа за приклучок кон првата половина од прволигашката табелата. Стружани одиграа цврст натпревар во кој пресуди индивидуалниот потег, иако останува и фактот дека тимот на Срѓан Захариевски сосема заслужено дојде до трите бода.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Клисман Цаке (Струга ТЛ)

Еден од најубавите голови на македонската прволигашка сцена сезонава. Цаке уште еднаш со прекрасен погодок, овој пат и за победа на својот тим над Работнички.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Магијата“ на Денковски помоќна од онаа на Дориев…

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 

=========================================================================

ТАБЕЛА – 14. КОЛО

 

 

Се вчитува...