ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: „Мртва“ трка меѓу Шкупи и Академија Пандев

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 15. КОЛО

Шкупи и Академија Пандев се чини се впуштаат во израмнета трка за есенската шампионска круна. Со гостинската победа над Ренова, „пандевци“ потврдија дека амбициите се за самиот врв, како најсериозен колектив кој може да ја загрози лидерската позиција на Шкупи. Чаирчани, пак, продолжуваат со доминантните игри на домашен терен, со нова убедлива победа овој пат над Струга ТЛ. Шкендија полека но сигурно се приклучува кон врвот најавувајќи загрозување на позициите на водечките две, а во битката за Европа и натаму остануваат Брегалница, Ренова и Струга ТЛ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мартин Мирчевски (Ак. Пандев)

Академија Пандев оваа есен игра на „крилјата“ на Мартин Мирчевски. Повторно одлична партија со асистенција и погодок во победата од 1-2 на струмичани на гостувањето против Ренова во Тетово. Во 15 одиграни натпревари за „пандевци“, Мирчевски дојде до својот 16-ти гол.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Ак. Пандев)

Уште една победа за Александар Васоски во трката за водечката позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев сосема заслужено дојде до трите бода во Тетово низ максимално мудра игра и тактички одлична поставеност во насока на победа.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Анаел Барга Нгоба (Тиквеш) 

Фудбалерите на Тиквеш стигнаа до злато вредни три бода во борбата за опстанок откако триумфираа над Работнички со 2-0. Првиот гол на кавадарчани беше дело на Нгоба кој на „велемајсторски“ начин со волеј удар ја затресе мрежата на Ристе Јанков.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Лавовите“ цели 22 натпревари не знаат за победа против Шкендија

=========================================================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

=========================================================================

ТАБЕЛА – 15. КОЛО

Се вчитува...